Штрковите доаѓаат во Кенсингтонската палата!
Кејт Мидлтон, сопругата на принцот Вилијам, веќе 60 дена ја нема во јавноста, поради што во британските таблоиди се шпекулира дека војвотката од Кембриџ е бремена.
Иако многумина мислеа дека нејзиното отсуство е оправдано поради стресот околу Хари и Меган, заминувањето на децата на училиште, но и преселбата во палатата Виндзор, и покрај сето тоа, сосема е невообичаено Кејт толку долго да не биде на јавни собири, настани, пред камера.…
Ако се земат предвид нејзините претходни бремености и стомачни проблеми, можеби војвотката е во рана бременост и има гадење што ја спречува да ја напушти куќата. На некои постари фотографии од Кејт, може да се види дека таа го гали стомакот, што многумина го протолкуваа како директна потврда за бременоста.
Војвотката последен пат беше видена на 11 јули, кога се појави на финалето на Европското фудбалско првенство со Вилијам и нивниот син Џорџ.
Исто така, на Инстаграм ја нема од 6 август, кога објави фотографија со еден од преживеаните од Холокаустот, сепак, се верува дека фотографијата е направена во јануари оваа година.