КЕЈТ МОС позираше гола на 47 години и тоа за КИМ КАРДАШИЈАН (ФОТО)

popara20 јули, 202110min0
2ffa6d35026924523e4479fffd521c79186e3df0

Популарната манекенка најпрво стана амбасадор на брендот SKIMS, сопственост на старлетата Ким Кардашијан

Кејт Мос се соблече во луксузната марка на долна облека и модна линија во сопственост на Ким Кардашијан, популарната SKIMS, откако беше претставена како амбасадорка на овој бренд.

Иконата на британските супермодели позираше за брендот на ријалити-ѕвездата во неколку неверојатни слики споделени на деловната страница на Instagram.

– Ја претставуваме Кејт Мос за SKIMS. Првпат ја запознав Кејт во 2014 година преку Ричард Тиси и веднаш ме маѓепса нејзината смела смисла за хумор, автентична и класична убавина и оттогаш сме пријатели – изјави најпознатата ријалити sвезда Ким Кардашијан.

Кејт Мос изгледа извонредно гола во гаќички, покажувајќи го својот совршен стомак и пресоздавајќи ја својата поза од пистата.

– Таа е модна икона. Дефинирање на целата генерација на стил, чест ми е да ја претставам како новото лице на SKIMS ова лето – се наведува под втората објава.

Соработката и фотографиите следеа кратко откако Кејт Мос и Ким Кардашијан беа фотографирани заедно во Ватикан со ќерката на манекенката.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma