Манекенката Кендал Џенер позираше во својот костим за Ноќта на вештерките малку порано оваа година, споделувајќи серија фотографии на кои е облечена во костим на „мртва невеста“.
Покрај костимот, таа имаше и долг превез од тантела и проѕирни ракавици, а својата комбинација ја спои со ретро штикли „Giuseppe Zanotti“.
Американските медиуми наведуваат дека Кендал ја презела идејата од нејзината штотуку венчана сестра Кортни Кардашијан, која вежбала да биде невеста кога го носела невестинскиот костим во 2016 година.
https://www.instagram.com/p/CVlTsZrvQWT/?utm_source=ig_web_copy_link
Изгледот им се допадна и на нејзините познати пријатели и членови на семејството, а сестрата Кајли Џенер ја коментираше објавата пишувајќи „опседната“.
Со оглед на тоа дека семејството Кардашијан-Џенер е познато по повеќе костими секоја година, не е јасно дали Кендал ќе се облече во овој костим на 31 октомври или ќе се појави со сосема поинаков на некоја од прославите во Холивуд.