Кендал Џенер често знае да не воодушеви со елегантни комбинации, а можеме да ја видиме и во секојдневна и едноставна облека која покажува дека е како секоја девојка.
Таа не се откажува од панталони со рамен крој, а сигурни сме дека секој што ги пробал сфатил колку се удобни. Нивниот принт е интересен. Панталоните во горниот дел од ногавицата имаат везено цвеќе. Одамна не сме виделе модели со принт, а цвеќињата порано беа вообичаен детал на нозете и даваат доза на винтиџ стил.
Заедно со панталоните, таа носеше и едноставна бела маичка, без ракави, што исто така е вообичаено решение за дневните комбинации.
Дали тие печатени панталони повторно се враќаат?