„Како во старите денови“, напиша актерот
Новата верзија на серијата „Сексот и градот“ наречена „И баш така …“( And Just Like That…) се снима на големо, а во ова повторно обединување, секако, ќе ги гледаме Сара Џесика Паркер како Кери Бредшо и Крис Нот во улогата на Ѕвер. На интернет се појавија фотографии од снимањето направени од папараците, но и слики објавени од самите актери.
А една привлече големо внимание. Станува збор за фотографија објавена од Крис Нот. На неа покажува како завршил во кревет со Сара Џесика Паркер. Секако, за потребите на новиот „Сексот и градот“.
„Како во старите денови“, напиша актерот.
Сара Џесика Паркер продолжи со коментар: „Преспавме. Повторно“.
Фотографиите предизвикаа огромен број коментари на Instagram.
„Омилена двојка“, напиша еден корисник на социјалната мрежа.
Крис Нот објави и друга фотографија со Сара Џесика Паркер.
„Повторно заедно“, напиша актерот.
Покрај Сара Џесика Паркер и Крис Нот, глумат и Синтија Никсон (како Миранда Хобс) и Кристин Дејвис (како Шарлот Јорк Голденблат). Веќе е познато дека Ким Катрел, која ја глумеше Саманта Џонс, нема да биде во ова остварување.