Актерот кој се стекна со светска слава како дете во улогата на Кевин во филмот „Home Alone“, Меколи Калкин го доби своето прво дете.
Неговата партнерка, актерката Бренда Сонг, се породи на 5 април, а странските медиуми истакнуваат дека добиле момче. Изборот на името беше особено симболичен. Се вели дека тие го избрале името по неговата сестра која почина во 2008 година – Дакота.
Во изјавата за печат им требаа само неколку зборови за да ги искажат своите моментални чувства. „Пресреќни сме“, нагласија тие во јавноста.