Кифлите се многу распространето и сакано уживање кај сите оние кои се љубители на лиснато тесто.
Состојки:
500 гр лиснато тесто
За крем:
3 јајца
130 гр шеќер
20гр ванилин шеќер
40гр брашно
40гр пудинг од ванила
600мл млеко
200 гр маскарпоне сирење
100 гр црно чоколадо
шеќер во прав – за посипување, ако сакате
Постапка
Тесто:
Расукајте го лиснатото тесто (2×250гр) со големина од 20x30cm. Исечете го на половина (10x30cm) и расукајте го секој дел малку повеќе во должина од околу 15cm. Се сече на тенки ленти, се завиткува околу калапот, се става на хартија за печење и се пече 10 минути на 180 ° С. Печените кифлички оставете ги да се оладат една минута, извадете ги од калапот и повторете го процесот додека не се испечат сите ленти.
Крем:
Варете го млекото. Во посебен сад измешајте јајца, шеќер и брашно/пудинг. Брзо мешајќи, во мешавината со јајца истурете малку од зовриеното млеко. Кога смесата ќе се соедини, истурете ја во преостанатото зовриено млеко. Загрејте го кремот на оган додека не зоврие и не ја добие посакуваната густина. Потребно е постојано да се меша за да не загори кремот. Сварениот крем префрлете го во поширок сад, залепете со најлонска фолија и оставете да се излади.
Со миксер изматете го млакиот крем во подлабок сад и додајте го маскарпонето на 2-3 пати. Продолжете да мешате додека кремот не се изедначи.
Растопете го чоколадото. Поделете го кремот на два дела. На едниот дел додадете стопено чоколадо и соединете.
Наполнете ги кифличкитесо изладениот крем, ставете ги во фрижидер еден час да се стегне кремот, посипете ги со шеќер во прав по желба и послужете ги.