Ким Кардашијан, заедно со нејзината мајка и славните сестри, гостуваше кај Енди Коен, каде се присети на клучните моменти во шоуто Keeping Up With the Kardashians.
На прашањето што ќе им каже на децата кога ќе дознаат за нејзиното „интимно видео“, што ја направи славна на планетата, најпознатата старлета на светот откри дека нема да глуми дека „нема слон во собата“ .
„Мислам дека шоуто немаше да успее доколку не протечеше видеото во јавноста. Тоа е нешто со што треба да научам да живеам во животот. Сè се случува со причина и научив лекција од тој скандал“, рече Ким, која заедно со нејзиното бившо момче Вили Реј Џеј Норвуд беше главниот протагонист на „домашното видео“.
Во истата емисија Ким призна дека честопати сакала да ги избрише глупавите работи што ги правела во животот, а некои од нив се свадбата на екстаза.
„Првиот пат кога се оженив бев на екстаза. Ја зедов еднаш и се омажив. Кога ја зедов повторно, направив домашен филм. Секој го знае тоа. Мислам, можете да видите како ми се тресе вилицата“, изјави таа во ријалити шоуто пред три години.