Поминаа само неколку месеци од шокантната вест дека ријалити sвездата Ким Кардашијан се разведува од раперот и моден дизајнер Канје Вест, па никој не можеше да биде сигурен дали Ким е сè уште тажна или подготвена да продолжи понатаму.
Одговорот се чини дојде кон крајот на минатата недела, кога Кардашијан присуствуваше на роденденска забава во Беверли Хилс, чиј домаќин беше британскиот милијардер Џејми Рубен.
Познавачите на случајот наведуваат дека Ким ја посетила неговата забава со мотиви посилни од пријателство, па иако беше сингл до неодамна, странските медиуми деновиве зујат за можноста токму Ким да го сменила тој статус.
Ќе дознаваме повеќе детали за богатиот Рубен, но најпрво се прошири информацијата дека неговото семејство е многу влијателно во Велика Британија, па затоа се споменуваат и неговите блиски врски со сегашниот премиер Борис Џонсон.
Овој милијардер фрлил око на најпознатата Кардашијанка, а очигледно, ни таа не останала имуна на неговиот шарм.