Ќе барате уште: Овој освежувачки напиток совршено разладува во летните денови!

popara30 јуни, 20215min0
1488334

Ако сте љубител на кафе, тогаш не се откажувате од омилениот пијалок дури и во лето, па ако барате малку поинакви варијанти, ќе бидете воодушевени од оваа идеја, која ја вклучува вкусната Нутела.

Кафето е добредојдено во која било форма, а во лето, ладното кафе е меѓу најпопуларните варијанти.

Но, што е со вкусната и разладувачка варијанта со Нутела?

Потребни се само неколку минути за да го подготвите овој вкусен пијалок и ќе ве освежи за еден момент.

Еве како можете да го подготвите:

Состојки:

3 чаши ладно млеко (1 чаша околу 250 мл)
2 чаши мраз
2 лажици Нутела
2 лажици инстант кафе
3 лажици шеќер (или повеќе во зависност од вкусот)
сладолед, шлаг
1-2 лажички чоколадни трошки

Подготовка:

Ставете го млекото, нутелата, кафето, шеќерот и мразот во сад и убаво изматете ги со рачен миксер (или ставете во блендер) така што мразот ќе се распадне и смесата стане пенлива. Ставете топка сладолед од ванила или чоколадо во висока чаша и потоа прелијте ја со ладено кафе. Украсете со малку шлаг и чоколадни трошки по желба. И уживајте!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma