ЌЕ СЕ ОБИДАТ УШТЕ ЕДНАШ Ирина Шајк и Бредли Купер повторно живеат заедно?

22 април, 2021
profimedia-0389823495

Веќе еден месец го делат животниот простор

Поранешниот sвезден пар, актерот Бредли Купер и манекенката Ирина Шајк во последно време се повеќе се дружат и го поминуваат слободното време заедно, а нивната четиригодишна ќерка Леа Де Сејн е секогаш со нив. Во последните месеци, фоторепортерите ги фотографираа десетина пати на прошетка низ Њујорк, а нивните фанови се надеваа дека парот е пред помирување. Широката насмевка и погледите кои си ги упатуваат еден на друг често придонесуваат за ова.

Според некои странски портали, се чини дека Бредли и Ирина решиле да си дадат уште една шанса и живеат заедно неколку недели. „Тие многу се сакаат и нивната ќерка ги обединува и ги здружува најмногу. Кога раскинаа, решија дека ќе останат во добри односи поради малечката, а бидејќи често се гледаа поради неа, сфатија дека навистина се сакаат и сакаат да си дадат уште една шанса. Тие живеат заедно веќе еден месец и досега многу добро се снаоѓаат. Можеби ќе опстанат ’, изјави близок извор на парот.

Тие ја започнаа својата врска во 2015 година, а две години подоцна се роди нивната ќерка, но во јуни 2019 година дојде до раскинување по неговата наводна врска со Лејди Гага, со која го сними филмот „Sвездата е родена“. Бредли и Гага негираа сè, но притисокот на Ирина беше премногу за да остане со таткото на нејзината ќерка, по раскинувањето се договорија за заедничко старателство. „Сè уште има предизвици затоа што тој има многу зафатен распоред, таа се врати на работа, па сега мора да најдат некаков компромис, што и прават. Бредли се обидува да работи на проекти недалеку од Њујорк за да биде што е можно повеќе со својата ќерка. Тој е многу заштитнички настроен кон неа и целосно и е посветен. Навистина е убаво колку многу ужива да биде татко“, изјави извор близок на Ирина и Бредли за Hollywood Life во март минатата година.

escort - Korsan taksi