
Долгата коса на тинејџерката Шајло беше во фокусот на фотографијата што ја направи Анџелина Џоли за „British Vogue“.
Како што расте Шајло (14), развива сè поинтересен стил на облекување и изглед.
На последната серија фотографии што Анџелина Џоли ги направи за „British Vogue“, најголемо внимание привлече заедничката фотографија со децата. Имено, Анџелина седи на масата во трпезаријата со близнаците Шајло и Нокс и посвоената ќерка Захра.
На црно-белата слика што ќе биде објавена во март, може да се види дека Шајло повеќе не носи кратка, момчешка коса! Оваа девојка на сите слики е видена во машката гардероба и со кратка коса.
Шајло започна да се менува минатата година и беше направена фотографија на која се гледа како ја носи косата врзана во опашка, а облечена е во тексас шорцеви, патики и црн дуксер. Изгледа како други тинејџери, па многумина дошле до заклучок дека Шајло се откажала од намерата да го смени полот и да стане момче.
– Не можам да влијаам на никого, бидејќи секое од децата носи одлука за себе и тие се многу интересни како личности. Посебно уживав во нив откако пораснаа и полека созреваат – изјави Анџелина Џоли.