Посвоената ќерка на Еминем, Витни, одлучи да ја нарекуваат „тоа“, односно во среден род, откако објави дека е не-бинарна личност.
Витни им ги кажа вестите за нејзината полова определба на обожавателите на „TikTok“, каде што ја следат илјадници луѓе, и ги замоли во иднина да и се обракаат со името – Стиви.
Во своите видеа на „TikTok“, Стиви го покажува своето патување низ родовиот идентитет и појасно објаснува дека не секој се пронаоѓа исклучиво во машки или женски пол.
Едно видео дури започнува со неговиот плач предизвикан од радост пред да бидат прикажани фотографии што сведочат за неговата трансформација во изминатите неколку години.
Заедно со ова видео, Стиви напиша: „Гледајте како ми станува поудобно со себе“ и „расте и се менува засекогаш“.
@st0nedc0w forever growing and changing <3 #greenscreen #genderfluid #bi #life
♬ original sound – THXOC
Витни или Стиви прво признаа дека е бисексуално ориентирано во 2017 година.
Да се потсетиме, Еминем не е биолошкиот татко на Стиви. Имено, тоа е син на неговата сопруга Ким, кој го доби шест месеци откако таа и раперот се разведоа. Кога се смирија во 2005 година, Еминем го посвои Стиви.