Прославениот американски актер Силвестер Сталоне (75) е оженет со својата сопруга, поранешната манекенка Џенифер Флавин Сталоне (52) и има три ќерки Систин (22), Софија (24) и Скарлет (18).
Колку е горд Сталоне како татко, покажува и последната фотографија што ја објави на Инстаграм, на која позира со своите наследници.
„Јас сум многу среќен човек кој има толку прекрасни деца полни со љубов кои ми донесоа толку многу радост. Сега би сакал да престанат да растат толку високо!“ – напиша на шега во описот на сликата од премиерата на филмот во кој игра Систин.
Најстарата ќерка Софија студирала наука за комуникација и по операцијата на срцето, се посветила на здрав живот. Нејзината сестра Систин, следејќи го примерот на нејзиниот славен татко, се испроба во глума, а најмладата Скарлет се занимава со атлетика.
Никој не е имун на нивната убавина и привлекуваат големо внимание со својот изглед на социјалните мрежи.