Клиентка на McDonald’s останала „занемена“ откако во кесата во која се наоѓала нејзината храна пронашла предупредување!

9 април, 2021
aaaaaaaaaa_1000x0

Дани Џордан, од Дерби, порачала храна од McDonald’s оваа недела, но останала збунета откако во кесата нашла рачно напишана белешка, во која имало и крофна

Клиентка на McDonald’s останала „занемена“ откако во кесата во која се наоѓала нејзината храна пронашла белешка во која се предупредува да почека неколку часа пред да го изеде десертот.

Таа нарачала достава од филијалата за брза храна, која вклучува главен оброк и крофна.

Но, по завршувањето на храната, 18-годишната девојка вели дека во кесата пронашла белешка, која очигледно ја напишал некој член на персоналот рачно, со која ја советувал уште да не ја јаде крофната. Пишувало: „Здраво, многу ми е жал што оваа крофна е сè уште замрзната … почекајте неколку часа пред јадење. Ви благодарам.”

Дани рече: “Не можев да престанам да се смеам. Беше толку слатко и не можев да верувам дека ми испратија замрзната крофна”.

„Не ја видов белешката околу еден час и дотогаш беше прилично одмрзната, но карамелот сепак беше сеуште замрзнат.

“Немаше толку различен вкус. Беше малку влажно кога се одмрзнуваше, но сепак имаше убав вкус. Крофните се толку убави што не можам да не ги нарачам – сепак би сакала да се одмрзнати”.