КНЕДЛИ СО СЛИВИ: Најдобриот рецепт досега!

popara4 август, 20211min0
190835_shutterstock-718117621_ls (1)

Состојки:

1 кг компири
300 гр пченично брашно
100 гр путер
1 јајце
1 лажичка сол

За филот:

20 парчиња сливи
6 лажички шеќер
1 лажичка цимет во прав

За попрскување:

50 мл масло (или путер)
6-7 лажици презла
1 ванилин шеќер

Подготовка: Сварете ги компирите со лажичка сол. Направете пире, потоа додадете путер, брашно и јајце и направете тесто.

Измијте ја секоја слива, отстранете ја семката и ставете лажичка шеќер измешан со цимет во неа.

Земете малку тесто и обликувајте топче околу сливата. Оставете го кнедлото на страна.

Кога ќе завршите со правење кнедли, ставете полн сад со вода да зоврие. Ставете кнедли во врела вода да се готват. Кога ќе излезат на површината, варете ги уште 5 минути.

Пропржете презла во тава, во масло или путер, а потоа додадете ги варените кнедли. Валкајте ги кратко и извадете ги од тавата на чинија. Посипете со ванилин шеќер и сервирајте топло.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma