КОГА КРЧЕЊЕТО НА ЦРЕВАТА Е ЗНАК ЗА БОЛЕСТ?! Медицинска сестра откри 3 алармни сигнали, многумина НЕ ГИ ЗАБЕЛЕЖУВААТ

popara30 август, 20211min0
Screenshot 2021-08-30 182812

Крчењето на дебелото црево има свое стручно име, обично е безопасно, но ако е придружено со овие симптоми – подобро е да посетите лекар!

Дали често ви крчат цревата? Овој звук за некои е смешен, за некои непристоен и најчесто се појавува кога сме гладни. Медицинската сестра Кери Мадормо објасни што значи крчењето на цревата и дали тоа е причина за загриженост.

Крчењето на цревата може да го слушнеме во секое време од денот, понекогаш тоа ќе биде придружено со други симптоми, и еве зошто се појавува.

– Стручното име на овој звук и појава е борборигмус, и се однесува на движење на гас или храна преку дигестивниот тракт што се слуша. Кога јадеме, цревата ја поместуваат течноста и честичките од храна со процесот на перисталтика, односно контракции и опуштање. Кога ќе поминат храната и течностите, овој процес продолжува да го движи воздухот, а тогаш слушаме крчење – вели таа.

Овој звук обично значи дека не сте јаделе некое време. Почесто ќе го слушате ако сте гладни, бидејќи во стомакот нема храна што би го „запушила“ звукот на воздухот што се движи низ цревата.

Но, ако често сте надуени, имате запек или дијареа, може да има друг проблем, предупреди таа.

– Честото крчење придружено со гасови, дијареа или запек може да укаже на синдром на нервозно дебело црево. Ако ги имате овие симптоми веќе некое време, подобро е да се консултирате со лекар – рече медицинската сестра.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma