
Пејачката Северина Којиќ денес го слави најважниот датум во нејзиниот живот, раѓањето на нејзиниот син Александар, кого го доби со нејзиниот поранешен сопруг Милан Поповиќ.
Пејачката со емотивна порака на Instagram му го честиташе роденденот на наследникот, а фотографијата што ја објави ги воодушеви обожавателите.
Имено, Северина објави фотографија на која се гледа графите на Северина и Александар на идот на една куќа.
– Кога се роди, во Сплит вееше снег. Кога се роди, се родив и јас. Јас привремено не смеам да ја објавувам твојата слика, но графитот што стои на ѕидот на една куќа, кој штотуку го добив, сè уште не е забранет. Благодарам на добрите луѓе кои ми го испратија овој графит и благодарам на авторот… Среќен роденден, чудо мое – напиша гордата мајка.
Фотографијата е објавена во форма на видео запис, а во позадина се слуша песната на познатиот кантавтор Џорџе Балашевиќ, кој почина вчера поради последиците од корона вирусот. „ Uspavanka za dečaka “ е посебна за Северина, а таа своевремено ја пееше, па со задоволство ја изведуваше на своите настапи.