Седумдесет и четвртото издание на Меѓународниот филмски фестивал во Кан започнува денес, а 24 филма годинава ќе се натпреваруваат за Златната палма.
Со жирито на 74-от фестивал ќе претседава американскиот режисер Спајк Ли, додека американската актерка и режисерка Џyди Фостер ќе биде почесен гостин на свеченото отворање на фестивалот и ќе ја добие почесната Златна палма.
Бројни други ssвезди, вклучувајќи ги Кетрин Денев, Шон Пен и Марион Котијар, ќе присуствуваат на престижниот собир на светската кинематографија, пренесуваат француските медиуми.
Канскиот фестивал, кој обично се одржува секој мај, беше преместен во јули оваа година поради епидемијата на корона вирусот.
Во Кан, полицискиот час и ограничувањата на бројот на луѓе во кината веќе не се на сила, но носењето маска остана задолжително во затворен простор.
Оваа година, 24 филма се натпреваруваат за Златната палма, која во 2019 година беше доделена на филмот „Паразит“ од јужнокорејскиот режисер Бонг Џун-хо, межу кои се делата на Италијанецот Нани Морети, Американецот Шон Пен, Русинот Кирил Серебреников и Французинот Жак Одијар.
На списокот се и филмовите „Анета“ од Леос Каракс, кои ќе бидат прикажани на отворањето на фестивалот, како и „Француски диспечер“ на американскиот режисер Вес Андерсон и „Бенедета“ на холандскиот режисер Пол Верховен.
Вон конкуренција ќе биде прикажан филмот „Де син вивант“ на францускиот режисер Емануел Берко со познатата Кетрин Денев во главната улога.
Повеќе од 60 филмови ќе бидат прикажани за време на фестивалот, кој ќе трае до 17 јули.
Спајк Ли е првиот афро-американски претседател на жирито на Канскиот фестивал.
Овој пат, во жирито ќе членуваат филмски уметници од пет континенти, од кои повеќето членови се жени.
Двократната оскаровка Џуди Фостер ќе ја добие почесната Златна палма, додека на рускиот режисер Кирил Серебреников му е забрането да ја напушта Русија, поради што тој нема да може да присуствува на познатиот фестивал.