Состојки: 200 гр сецкано бело чоколадо, 100 мл слатка павлака, 100 гр кокосово брашно, 50 гр крем сирење, 5 средни јагоди, 50 гр брашно од кокос (за тркалање на топчињата).
Подготовка: Измијте ги, исчистете ги и исецкајте ги на мали парчиња јагоди. На среден оган, загрејте ја слатката павлака до непосредно пред да зоврие и прелијте ја сецканата чоколада. Мешајте додека не добиете хомогена смеса. Промешајте кокосово брашно и крем сирење и покријте го со проѕирна фолија. Ставете ја смесата во фрижидер 1 час.
Земете од смесата со лажица, израмнете ја и ставете парче јагода на средина. Со рацете формирајте топче и превртете го во кокосово брашно. Топчињата ставете ги во фрижидер и извадете ги 10 минути пред сервирање за да омекнат.
- Забелешка: Пожелно е јагодите да се ладат за да не ослободуваат сок при обликување. Наместо јагоди, можете да користите и други овошја (малини, боровинки, капини).