Состојки:
200 гр брашно
2 лажички прашок за пециво
2 јајца
100 гр путер
50 гр кафеав шеќер 120 гр бел шеќер 120 мл млеко 1 лажичка мелен цимет 1 лажичка екстракт од ванила 1 поголемо јаболко
Подготовка: Подмачкајте тава за леб и посипете со брашно. Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Јаболкото измијте го, излупете го и исечкајте го на мали парчиња. Во мал сад измешајте кафеав шеќер со цимет. Во друг сад изматете го омекнатиот путер со бел шеќер, додајте едно по едно јајце и екстрактот од ванила, а потоа истурете го во млекото. Во смесата додадете брашно со прашок за пециво и добро измешајте со дрвена лажица. Истурете половина од тестото во калапот и додадете половина од јаболкото и мешавината на шеќер и цимет. Истурете го остатокот од тестото и повторете го процесот со јаболка и шеќер. Печете 40 до 50 минути, а потоа користете чепкалка за заби за да проверите дали тортата е печена.