Колешките ја опсипаа со коментари: ТВ водителката Елена Стојановска покажа дека е ултра згодна во бикини на плажа

popara5 јули, 20212min0
elena
  • Летните одмори се во полн ек, а веќе уште од средината на мај познатите ја отворија летната сезона, па го распослаа својот сексапил во бикини.

Некои порано, некои подоцна го искористија убавото време, но и попуштените корона мерки за да уживаат некаде на плажа.

Водителката Елена Стојановска имаме прилика секој ден да ја гледаме на Утринската програма на Сител телевизија каде што од раните утрински часови е тука за гледачите и е подготвена да ги известува за новите случувања.

Но, секој има пауза од работа, особено за време на летните одмори, а дојде ред и Елена да се одмори покрај вода на плажа.

Иако на ТВ екраните имаме прилика да ја видиме во елегантни изданија кои и одговораат на нејзината линија, а и се во согласност со нејзината професија, овојпат водителката се покажа малку во поразлично светло.

Имено, таа одлучи да здивне од секојдневната рутина и раното утринскко будење пред екраните го замени со заслужен одмор.

Стојановска во кусите приказни на „Инстаграм“ објави фотографија на која позира во бело бикини на плажа на Карибите.

Испружена под зраците на сонцето и со поглед кој полни очи, Елена во бикини ја покажа својата витка фигура и своите облини на кои може да и позавидат многу млади девојки.

Нејзините драги колешки Александра Илиевска, Снеже Велков, Цеце Тодосовска ја опсипаа со позитивни коментари порачувајќи дека местото и годи.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/ЕЛЕНА СТОЈАНОВСКА

Сигурно, Елена ги наполнија и батериите, а можеби и добила боја, на работните обврски ќе се врати со полна енергија.

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma