Ова го правите погрешно!
Ако градникот е премногу лабав преку грбот, вашите гради нема да бидат добро поткрепени во корпите, што може да го олесни „опуштањето“.
Многумина долната облека ја заменуваат со нова само кога ќе се искине. Но, не е сеедно колку долго го носите градникот. Многумина ќе помислат дека кога станува збор за градници, тоа е нешто навистина комплицирано.
Многу жени не знаат како да го изберат вистинскиот модел на градник, но ниту кога треба да го заменат. Треба да го следите непишаното правило од три градници, едниот го носите, другиот го имате во фиоката додека третиот се мие. Но, треба да го соблечете градникот кога ќе ви стане непријатно да го носите. Ако забележавте дека се раширил и го закопчувате на задното копче, време е да купите нов.
Она што е важно да се знае е фактот дека најголемата поддршка за градите со градници не се обезбедува преку кошниците туку преку грбот. Затоа, многу е важно градникот на грбот да „лежи“ правилно. Ова е особено важно за жените со поголеми гради, изјави Жозефин Манисбалко од „Nocturnal Lingerie“.
Ако градникот е премногу лабав преку грбот, вашите гради нема да бидат добро поткрепени во корпите, што може да го олесни „опуштањето“ на истите. Манисбалко советува да се заменува стариот градник со нов на секои шест до осум месеци. Ако не можете да ги наместите прерамките да не ви се лизгаат од рамената, време е за нов, додава таа.