КОЛКУ ЧЕСТО ТРЕБА ДА ИМАТ СЕКС ВО ВРСКАТА, А КОЛКУ ВО БРАК: Еве колкав е просекот, проверете како „стоите“!

popara10 август, 20211min0
Screenshot 2021-08-10 120358

Еве колку често просечниот пар има секс – проверете какви сте во споредба со просечните!

Ако се прашувате колку често другите имаат секс и дали вашиот сексуален живот е „нормален“, го имаме одговорот.

На сексуалниот живот влијаат голем број фактори, меѓу кои возраста, здравјето, сексуалната желба, начинот на живот… Не е навистина важно дали сте во врска само неколку месеци или сте заедно со години.

Нормално е понекогаш да размислуваме дали нашиот сексуален живот е нормален во однос на другите (иако треба да не интересира само дали ние, односно двата партнера сме задоволни), а не е многу учтиво да ги прашуваме другите „еј, колку често имаш секс?.

Дури и да прашате, прашање е дали ќе добиете искрен одговор…

За среќа, не треба никого да прашате за да знаете како стоите во однос на просечните парови, бидејќи тоа го откри истражувањето спроведено во Велика Британија од компанијата „Hot Octopuss“.

Досега, 758 парови дале одговори, а излегува дека просечните парови имаат односи еднаш неделно.

Поточно, 50 проценти од луѓето кои имаат личност за секс шема уживаат во односот еднаш неделно, додека оние кои се во врска го прават тоа почесто – околу 38 проценти од нив имаат секс на секои неколку дена.

Истражувањато покажало дека 29 проценти од луѓето кои се слободни не се многу сексуално активни, па 15 проценти од нив имаат секс еднаш во две недели.

За оние кои се во брак, 29 проценти од нив имаат односи еднаш неделно, што е нешто поретко во споредба со луѓето кои се во врска.

Сепак, експертите за секс посочуваат дека секој пар е различен и дека не треба да го споредуваме сексуалниот живот со другите…

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma