Овој рецепт е навистина едноставен и лесен за подготовка. Може да го направат дури и почетници во кујната, само треба да ги следите упатствата.
Вака подготвениот компир може да биде вкусен прилог на ручек со месо.
СОСТОЈКИ:
- 1/2 морков
- 1/2 кромид
- Целер
- Сол
- 4 компири (средни)
- 150-200 мл маслиново масло
- 8-10 чешниња лук
- мелена пиперка
- магдонос
ПОДГОТОВКА:
Целерот, кромидот и морковот исечете ги на поголеми парчиња и ставете ги посолени да се варат околу половина час. Исечете ги компирите на помали парчиња, загрејте го маслото и пржете ги компирите до златно жолта боја. Кога е готово, процедете го од маслото и испржете го исечканиот лук и мелената пиперка во тоа масло (земете сега само 2 лажици). Потоа додадете 150 мл од течноста во која претходно сте го готвеле зеленчукот. Вратете ги компирите во тавата, посолете и измешајте сѐ убаво. Динстајте околу 10 минути. Послужете ги компирите поросени со свеж магдонос.