Бритни Спирс повторно е слободна жена, откако нејзиниот татко се откажа од легалното старателство над неа
Џејми Спирс одлучи дека повеќе нема да биде нејзин законски старател. Имено, адвокатот на Џејми достави правни документи во кои пишува дека повеќе не сака да се бори за да биде нејзин старател.
Бидејќи Бритни е активна на социјалните мрежи, и често споделува снимки на кои игра на Инстаграм, истото го стори и денес кога дозна дека конечно е слободна. Во црн топ, кратки шорцеви и гол стомак, Бритни го одигра својот прв, може да се каже, победнички танц, а под овој пост се најдоа многу коментари на поддршка од фановите кои со нетрпение го чекаа моментот на нејзиното конечно ослободување од старателството на нејзиниот татко.
– Можете да го видите последниот танц во црвениот топ. Среќна сум додека играм, тоа ме прави да се чувствувам слободно. Не сум сигурна зошто сум толку внимателна… Можеби тоа е мојата скршена нога што ми кажува да бидам. Но, без оглед на тоа, сепак се чувствувам како да лебдам додека играм – напиша таа.
Следната слика што ја објави, три часа подоцна, е анимација или цртеж на девојка со завртен грб, со цвеќиња во косата на позадината на нејзината маица. Бритни не напиша ништо под овој пост, иако многумина и оставија позитивни коментари полни со љубов и поддршка.
„Бритни, конечно си слободна“, „Те сакаме“, „Таа е слободна“, „Многу сме среќни за тебе“, беа само некои од коментарите.