КРАТКО ПОТОА, СИ ПРЕСУДИ: Писмото со кое Марлон Брандо се обиде да ја утеши Мерилин Монро додека била во душевна болница

popara27 мај, 20211min0
137020_profimedia0098308830_ff

Додека страдаше од тешка депресија и се соочуваше со чести здравствени проблеми, на една од најубавите жени во Холивуд ѝ беше потребна поддршка од пријател.

Бидејќи се повеќе се разболуваше, ја губеше волјата за живот и постојано се чувствуваше истоштено, холивудската дива Мерилин Монро доброволно отиде во психијатриската болница во Њујорк на 11 февруари.

Малку е познато дека, додека престојуваше во оваа установа за ментално здравје, доби едно многу специјално писмо: зборови за поддршка што ѝ ги испрати нејзиниот колега Марлон Брандо.

„ Драга Мерилин,

Најдобрите повторни проценки се раѓаат во најтешките кризи. До одредена мера, тоа им се случува на сите нас. Биди среќна за тоа и не плаши се од стравот. Тој може само да помогне.
Опушти се и уживај во тоа.
Моите мисли се со тебе и ти ја испраќам мојата најтопла љубов.

Марлон “

Околу една година подоцна, Мерилин изврши самоубиство.

Ова писмо беше продадено на аукција во 2005 година за 36 000 американски долари.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma