Kaролина Гочева отсекогаш важела за една од нашите најзгодни пејачки и жена со стил.
Така, што и да облече одлично ѝ стои, па често добива позитивни коментари за нејзиниот изглед.
Каролина најчесто појавува во елегантни изданија кои одлично ѝ прилегаат на нејзината фигура. Кога станува збор за нејзиниот стил, кај неа нема провокации или тоа го прави со умереност.
Овојпат, пејачката во кусите приказни на „Инстаграм“ објави фотографија од пред 10 години од „Movie awards“ во Белград.
На фотографијата Гочева е облечена во кратко здолниште во кои ги истакнува своите долги, витки нозе, во комбинација со црна маичка а во фокусот се нејзините гради.
Инаку, Каролина неодамна ја издаде својата нова песна „Идила“ со која го најави новиот албум кој треба да излезе на есен и ќе биде преработка на македонски евергрини.
Преземено од vistina.com.mk