Крцкави и сочни профитероли со сирење и сланина не може да биде лоша идеја… (РЕЦЕПТ)

popara29 мај, 20211min0
66a42004a4f82fa7b590f2ef2ef848d6-hero

Време е да заборавите сè што знаевте за ова задоволство, бидејќи во овој случај тоа не е сладок залак, но ќе исчезне од масата исто толку брзо!

Потребни состојки за 30 парчиња

Тесто:

  • 150 гр брашно
  • 100гр несолен путер
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажица сол
  • 4 јајца

Полнење:

  • 200 гр меко козјо сирење
  • 100 гр слатка павлака
  • бибер
  • 6 лажици сецкан црвен кромид
  • сланина

Подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 190 степени и обложете плех со хартија за печење
  • Во тава, на огин, измешајте путер и малку вода додека не зоврие, тргнете ја од оган
  • Во посебен сад, измешајте брашно, шеќер, сол
  • Додадете ги сувите состојки во путерот и мешајте со дрвена лажица додека тестото не почне да се одделува од тавата
  • Во друг сад изматете ги јајцата и додајте ги на тестото и добро измешајте
  • Поделете ги парчињата тесто на хартија за печење, со голема лажица или лажица за сладолед
  • Печете околу 30 минути додека не поруменат
  • Оставете да се изладат, но на секое парче направете по едно дупче за да не остане пареата внатре
  • Изматете го шлагот, додадете сирење, бибер
  • Ставете во ќеса за украсување торти и ставете доволно крем во секоја дупка
  • Лесно испржете ја сланината, и кога ќе се олади, искинете ја на парчиња и украсете го секое парче со неа
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma