Ако сакате пилешки крилца и немате многу време за подготовка, наместо да ги нарачувате, еве одличен рецепт за вас. Потребни ви се цели 10 минути за да ги подготвите и уште половина час за печење. Лесно се прават и веднаш исчезнуваат од чинијата.
Состојки:
килограм пилешки крилца
150 гр пармезан
презла 200 гр
две чешниња лук
125 гр путер
лажичка топла мелена пиперка
сув билен зачин
сол, бибер
Подготовка:
Измијте ги и исушете ги крилцата, а потоа додадете сол и бибер по вкус. Изгмечете го лукот и измешајте со пармезан, презла, мелена пиперка и зачини по вкус. Стопете го путерот на пареа. Потопете ги крилцата во путер, потоа во мешавината од презла и пармезан, и ставете ги на плех обложен со хартија за печење. Печете на 200 степени околу 30 минути.
Пријатно!