Се подготвува многу брзо, многу е вкусно и не бара премногу состојки.
Ви предлагаме да го пробате рецептот со малини, кој на вашиот омилен десерт ќе му донесе чувство на свежина.
Состојки за 8 порции:
250 мл слатка павлака
50 гр шеќер во прав,
500 гр маскарпоне сирење,
шолја црно кафе,
3 лажици амарето или друг алкохол,
150 гр бисквити,
4 лажици какао,
200 гр малини
Подготовка:
Изматете ја слатката павлака со шеќерот и додадете го маскарпонето. Измешајте го кафето со амаретото. Потопете ги бисквитите еден по еден во смесата со кафе и алкохол.
Подгответе сад и наредете еден слој бисквити потопени во кафе. Ставете половина од смесата со кисела павлака и сирење и покријте со друг слој бисквити. Ставете го остатокот од смесата. Покријте го врвот со какао, а потоа покријте ја целата површина со малини. Оставете да отстои во фрижидер 2-3 часа.
Пријатно!