Не ви се оди до продавница, а ви се јаде нешто слатко? Ако не сакате да поминувате многу време во кујната, но и исто така да не ја вклучувате рерната, тогаш десертите без печење се идеално решение. Пробајте ја оваа овошна торта сигурно ќе ви се допадне
Состојки:
- 300 гр бисквити
- 400 мл сок од портокал
- 250 гр путер
- 300 мл млеко
- 200 гр шеќер
- 160 гр пудинг од ванила
- 500 мл слатка павлака
- 20 гр крем фикс
- 100 гр шеќер во прав
- 600 гр малини
- 100 гр шеќер
- 20 гр желатин
Подготовка:
Натопете ги бисквитите во сокот и наредете ги во калап. Истурете го млекото во тенџере, додадете шеќер и пудинг и варете додека не се згусне. Изматете го путерот, па додадете во пудингот и соединете. Истурете го филот врз бисквитите и ставете го во фрижидер еден час. Изматете ја слатката павлака со шеќер во прав и крем фикс, па прелијте го филот од пудинг.
Гответе ги малините со шеќер, па соединете ги со миксер. Исцедете ги и додадете го желатинот што претходно сте го измешале со вода и промешајте. Прелијте преку изматената слатка павлака. Ставете во фрижидер еден час.