КРЕМАСТИ КОЦКИ СО ОРЕВИ: Десерт што ќе ги воодушеви гостите во секоја прилика!

popara10 јули, 20212min0
01_07_2021-kuharica-1320x8806-1-660x450

Подготовката е малку посложена, но резултатот е неодолив.

Кора:

8 белки

1 лажица оцет

300 гр шеќер

1 лажица остро брашно

Крем:

8 жолчки

150 гр шеќер

2 лажици остро брашно

2,5 дл млеко

1 маргарин

200 гр мелени ореви

За украсување:

1/2 л крем за шлаг

Подготовка:

Изматете ги белките во цврст снег, а потоа постепено додајте ги шеќерот и оцетот и па брашното. Се пече во рерна околу 45 минути на 160 °С. Измешајте ги жолчките, шеќерот и брашното во малку млеко и варете ги во остатокот од млекото. Кога ќе се олади додадете го омекнатиот маргарин.

Поделете го кремот на два дела и додадете ги мелените ореви на половина. Ставете крем со ореви на бисквитот, па потоа крем без ореви.

Украсете ја тортата со шлаг.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma