Постојат места во вашиот стан каде што веројатно не ви паднало на памет да се впуштите во сексуални игри…
Машина за перење – совршено е удобна и за двајцата, без разлика дали ќе се одлучите за „кучешка“ поза или „лице в лице“. Ако ја вклучите и центрифугата, ќе летаат искри!
Скали – одлично место за орален секс, без разлика дали таа ќе се качи неколку чекори погоре или тој, пристапот е одличен. Само осигурајте се дека се стабилни.
„Лејзибег“ – фотелјата исполнета со стиропор е совршена за сите видови љубовни игри, мека е, се прилагодува на телото, на неа можете да пробате буквално се што ви паѓа на памет.
На огледало – под услов да имате поголемо огледало добро прикачено на ѕидот или плакарот, го најдовте идеалното место за секс „на нозе“. Гледањето на вашиот одраз во огледалото додека водите љубов ќе биде неверојатно стимулативно!