Крис Џенер ужива во ПОРТОФИНO со три децении помладиот избраник: Фотографиите го обиколија Светот за неколку минути

popara6 септември, 20212min0
327122_profimedia0630354909_ff

Џенер одлучи да ја напушти Америка за да биде целосно сама со човекот на нејзиниот живот.

Ријалити sвездата и успешен претприемач Крис Џенер ги користи првите денови од септември за одмор со својот избраник Кори Гембл, кој е скоро три децении помлад од неа.

Меѓутоа, овие факти воопшто не им пречат бидејќи се најдоа на духовно и енергично ниво, како што Џенер неколку пати истакна за медиумите.

Овој специфичен пар се одлучи за волшебната Италија, каде што со денови уживаат во магијата на Портофино, медитеранска храна, морски шарми и љубовни искри кои не можеа да ги сокријат.

Крис сакаше да избере секојдневни чевли и комбинација на облека за романтична прошетка, но да остане дама со префинет вкус, па затоа облече фустан до колена, цветен дезен, а обетките со ист мотив и црна чанта ја нагласија оваа шик тоалета.

Нејзиниот избраник покажа дека сака ексцентричност и животински принт, па покрај црната тренерка, избра и маица со дезен на леопард.

Дури и надвор од Лос Анџелес, тие не успеаја да ги избегнат папараците, а нивните фотографии го обиколија светот за рекордно време.

Додека едни не ја препознаа славната двојка на прв поглед, други мислат дека Крис изгледа фантастично, со оглед дека влегува во седмата деценија од својот живот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma