Криси им се извини на жртвите: „Пишував одвратни пораки, жал ми е, сега се сменив“

popara15 јуни, 20214min0
pxl-pa-250219-23708817

Тајген го прекина едномесечниот молк на социјалните мрежи признавајќи дека се ‘срами’од одвратните твитови испратени до Кортни Стоден, која во тоа време имала 16 години. Криси рече дека „сега сфаќа“ и „не бара ниту заслужува сочувство“

Криси Тајген (35), модел и автор на книги за готвење, омажена за пејачот Џон Леџенд (42), се повлече од социјалните мрежи минатиот месец, откако беше откриено дека и испратила на ријалити sвездата Кортни Стоден (26), серија подли твитови во 2011 година, во кои и посакала смрт. Криси денес се врати на Твитер со долго извинување.

Во твитовите таа напиша „Те мразам“, „заспиј засекогаш“ и „Едвај чекам да умреш“. Манекенката тврди дека „таа повеќе не е личноста што ги напишала тие ужасни работи“ и дека ‘примила терапија’.

Стоден влезе во светот на славните во 2011 година, кога на 16-годишна возраст се омажи за 50-годишниот актер Даг Хачисон (61). Стоден и Хачинсон се разведоа по седум години брак, а на повеќето им е јасно дека за време на нивниот брак, Стоден беше дете злоставувано од возрасен маж. Но, во 2011 година, Кортни важеше за спонзоруша, па излегоа злобни шеги на нејзина сметка.

Screenshot

Криси за прв пат одговори на нападите на 12 мај во серија твитови во кои се извини за своето однесување и тврди дека се обидела приватно да се поврзе со Кортни, што ријалити sвездата го негираше.

24th Critics Choice Awards – Arrivals – Santa Monica, California, U.S.

Оттогаш, нејзиниот профил на Твитер остана нем, но денес сподели твит во кој беше додаден линк за подолг пост.

„Повторно здраво“, твитна Криси.

Во објавата, таа напиша дека поминале „многу понижувачки неколку недели“ во кои „не поминал ниту еден момент“ во кој таа не чувствувала „голема тежина на жалење“ за работите што ги рече во минатото.

24sata

Криси уште еднаш повтори дека таа „јавно се извинила на една личност“, но дека е во процес на приватно обраќање кон луѓе што ги навредувала со текот на годините.

– Разбирам дека можеби не сака да разговара со мене. Мислам дека ни јас не би сакала да разговарам со мене. (Вистинската вистина во сето ова е колку навистина не можам да го поднесам соочувањето). Но, ако тие го сакаат тоа, јас сум тука и ќе слушам што сакаат да ми кажат, додека се извинувам преку липање – напиша Криси.

WSJ Magazine Innovator Awards - New York

– Едноставно нема изговор за моите ужасни твитови во минатото. Моите мети не го заслужија тоа. Никој не го заслужува тоа. На многумина од нив им требаше емпатија, љубезност, разбирање и поддршка, а не мојата подлост маскирана во некаков необичен, нервозен хумор. Бев трол, точка. И, многу ми е жал – додаде Криси.

Криси понатаму рече дека мисли на пријателите што ги разочарала и дека уживала да ги користи социјалните мрежи за да ’трола’ други познати

– Во реалноста, јас бев несигурна, незрела и во свет во кој мислев дека треба да ги импресионирам странците за да ме прифатат … Го отворив Твитер за да привлечам внимание и да го покажам она за кое во тоа време верував дека е суров, паметен и безопасен хумор. Мислев дека ќе ме направи кул ако ги задевам познатите – објасни Тајген.

GQ Men of the Year Awards 2018

Криси рече дека „сега разбира“ и дека „не бара нити заслужува никакво сочувство“, додавајќи дека „нема оправдување за нејзиното однесување“.

– Вистина е, јас не сум повеќе таа што ги напишала тие ужасни работи. Пораснав, бев на терапија, се омажив, добив деца, добив повеќе терапии, доживеав загуба и болка, добив повеќе терапии и доживеав повеќе живот. И ДОБИВ ПОВЕЌЕ ТЕРАПИИ – признава Криси.

Таа рече дека ќе продолжи да се труди да биде најдобрата верзија од себе и дека „на светот му треба повеќе добрина“.

24sata
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma