„КРВНИЧКИ СЕ БОРЕА ПРЕД МЕНЕ“ Анастасија доживеала ХАОС во Мексико – бегала како знае и умее (ВИДЕО)

21 април, 2021
anastasija

И тоа се случува…

Анастасија Ражнатовиќ, ќерка на фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ, која тргна по стапките на нејзината мајка, иако не во иста музичка насока, деновиве ужива во Канкун, Мексико, со своите пријателки.

Сепак, Анастасија неодамна сподели непријатна ситуација што ѝ се случила на плажа со нејзините следбеници на Instagram.

Како што рече, додека лежела и уживала на сонцето, штракала на телефон, кога пред нејзините нозе започнала тепачка меѓу две огромни игуани.

– Две игуани со големина на теле, кои почнуваат крвнички да се колат пред мене – ја објасни Таса ситуацијата и додаде:

– Се претворив во Спајдермен и ја скокнав оградата – рече Анастасија, која бегаше како мува без глава и истакна дека за сето тоа време, нејзината пријателка била целосно мирна, компонирана, па дури и го фотографирала целиот настан.

Анастасија покажа и како изгледа една од игуаните, потенцирајќи уште еднаш дека имало две и дека се бореле кај нејзината лежалка.

Еве како изгледа: