Куба одобри употреба на уште две вакцини против корона вирусот, кои се развиени од локални научници.
Властите во Куба соопштија дека комбинацијата на две дози на вакцината „Соберана два“ и една доза „Соберана плус“ ги спречува симптомите на ковид-19 со ефикасност од 91,2 проценти во испитувањата извршени во три фази.
Кубанскиот центар за контрола на лекови и медицински помагала (CECMED) објави дека е издадено одобрение за употреба на двете вакцини.
Заедничките институции на Куба и Иран работеа на развојот на „Соберна два“.
Иран веќе одобри вакцина наречена „Пастерковак“.
Во јули, Куба ја одобри својата прва вакцина против ковид-19 „Абдал“.