ЛЕТНО СМУТИ СО МИНИМУМ КАЛОРИИ: Направете освежувачки пијалок во кој лубеницата е главна состојка

popara22 јуни, 20211min0
63dbe3e73dd9b781578e0595e580919bfdeee2c2 (1)

За време на жешките летни денови, ладните и освежителни пијалоци се најпријатни, а смутито од лубеница е сигурно едно од нив.

Лесно се прави овој нискокалоричен пијалок. Ќе ве засити, освежи и разлади.

Покрај тоа, поради диуретичното дејство на лубеницата, ова смути ќе ви помогне да се ослободите од токсините од телото.

Состојки:

500 грама лубеница на коцки исчистена од семки
100 грама јагоди
половина краставица со средна големина
1 лимон
мраз
неколку лисја домашно нане

Подготовка:

Ставете лубеница, јагоди и краставица во блендер и мешајте додека не добиете мазна смеса.

Потоа исцедете го лимонот, и додадете го сокот во смесата.

Скршете го мразот во блендер, а потоа префрлете го во чашите. Истурете го смутито над мразот, а горниот дел посипете го со лисја нане.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma