Лице на божица, но што е со нозете на Анџелина Џоли? Актерката во бел фустан предизвика лавина коментари (ФОТО)

popara6 март, 20212min0
angelina-830x0

За промена, конечно се појави во нешто што не е црно, туку бело, но дури и тоа не е премногу изненадувачки

За многумина најубавата личност кога станува збор за лицето, Анџелина Џоли (45) беше фотографирана додека уживаше во дружењето со актерката Елен Помпео.

Тоа е нејзино ретко појавување со некое познато име во јавноста, а како што може да заклучите од фотографиите и нејзината широка насмевка, тие навистина поминале убаво време заедно.

Но, како и обично, изгледот на славната Џоли секогаш привлекува најголемо внимание. За промена, таа конечно се појави во нешто што не е црно, туку бело, но и тоа не е премногу изненадувачки, бидејќи веќе подолго време не е видена во трета боја.

Белиот фустан ја истакна нејзината половина, а многу фанови во коментарите пишуваат разни работи за нејзините нозе и слабост.

„Можеби изразито бел тен ја прави уште потенка“, „Многу е…“, „Дали ослабе уште повеќе?“, „Не знам што ја чепкате жената, таа е секогаш иста, јас навистина не ја гледам разликата “,се некои од реакции.

Да потсетиме, Анџелина неодамна на аукција продаде подарок од поранешниот сопруг, актерот Бред Пит, за неверојатни 11 милиони долари.

Погледнете ги фотографиите: