Најуспешната македонската водителка Лила Филиповска денеска слави роденден.
Таа е личност која има голем круг на пријатели, па така вчера уште пред полноќ најблиските и приредија роденденско изненадување во еден скопски локал.
Поранешниот водител и новимар Зоки – Фаци, и пријателите од локалот и направија уникатна торта – сендвич на кој имаше свеќички со бројот 18.
Лила како добра домаќинка пред камерата ја пресече “тортата” и ја покажа прекрасната маса со шампањ и латици од рози каде ја чекаше изненадувањето.
Честитките продолжија и на социјалните мрежи, а еден од првите беше и нејзиниот соработник и најдобар пријател Спасе.
Лила е позната како некој кој секоја година организира големи забави за својот роденден, па се очекува и вечерва да се слави.
Преземено од skopje24.mk