Лила и Лина одлучија да направат промена, па сега изгледаат побујно….во косата – како ви се допаѓа? (фото)

popara21 септември, 20217min0
lila

Постои една изрека која вели „Ако нешто на себе не ви се допаѓа, променете го“. Ова се почесто се користи во светот на шоубизнисот, каде популарните и оние помалку популарните, оние кои штотуку зачекориле во јавниот свет одат на естетски корекции и го корегираат она што не им се допаѓа.

Некои тоа го прават до нормални граници, а некои можеби претеруваат, па кога ќе ги погледнете пред и после фотографиите не личат на себе.

Македонската водителка на „Сѐ или нешто“, атрактивната, згодна и популарна Лила Филиповска постојано вложува во својот изглед, па така често може да ја видиме на разни тремани за нега на кожата, на масажи, на третмани за отстранување на целулитот, на третмани за коса….

Кога станува збор за нејзината коса, Лила се одлучи да направи промена. Па, така додека многу дами кога сакат нешто да сменат, најчесто ја кратат косата, водителката ја надогради односно на нејзината стави екстензии, па сега изгледа побујна и подолга од претходно.

Таа се пофали на својот „Инстаграм“ со крајниот резултат, а вас како ви се допаѓа?

Освен Лила, за ваков чекор се одлучи и младата талентирана пејачка Лина Пејовска која исто направи надоградба на косата, па сега има подолга, погуста црна коса, а многумина ја пофалија за нејзиниот изглед.

Вас како ви се допаѓаат новата Лила и Лина?

За потсетување, неодамна Миа Костова исто така направи надоградба на косата, па наместо кратка, сега има долга руса коса.

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma