Лошо искуство со ботокс: Вака изгледа кога ќе претерате и направите фатална грешка

popara31 март, 20213min0
withny-830x0

Девојка открила редок несакан ефект предизвикан од естетска процедура за кој вели дека „немала идеја“ дека може да се случи

Американката стана вирална откако ги сподели страшните резултати на лошо инјектираниот ботокс. Витни Буха, која води популарен блог за животен стил, разви птоза на очните капаци откако неправилно и биле вбризгани инјекции против брчки во лицето.

Птозата на очните капаци е состојба во која горниот очен капак се спушта над окото и може да биде предизвикана од стареење, повреда на окото или несакан ефект по операција на окото, меѓу другото, наведува Australian Eyecare.

Во случајот на Витни, птозата била предизвикана од вбризгување на ботокс во погрешен дел од веѓата, што предизвикало сериозно спуштање на очниот капак.

39-годишничката од Чикаго откри на Инстаграм дека популарниот третман за убавина, кој делува така што ги блокира мускулите спречувајќи ја мимиката од која настануваат брчки, го користи повеќе од 3 години и никогаш порано немала ваков проблем.  

Но, откако забележала дека десната веѓа не и се крева толку колку левата по неодамнешниот третман, Витни се вратила да и се инјектираат дополнителни единици, а потоа се случила катастрофа.

– На почетокот, по мојата прва посета, десната веѓа беше спуштена подолу од левата, па ми рекоа да се вратам и ми вметнаа дополнителна доза за да ја подигнат. Но, сигурно е инјектирана на погрешно место, што предизвика пад на капакот – вели таа.

Резултатот е тоа дека нејзиното лево око изгледа огромно, додека десниот очен капак и е целосно спуштен – се чини како окото да и е полузатворено.

Витни го сподели ова искуство на социјалните мрежи:

– Изгледам асиметрично, како да имам две лица, толку е непријатно. Не ми се верува дека го покажувам ова, како да е шега.

Таа објасни дека редовно инјектира ботокс со цел да ги намали брчките на челото и областа околу очите. Иако ефектот е привремен, Витни сега може да почека само да се апсорбира ботоксот, што може да трае од неколку недели до неколку месеци.

Таа сега започна со третман препорачан од пластичен хирург, кој вклучува специјални капки за очи и многу тренинг за да му помогне на телото побрзо да го метаболизира ботоксот.

Дотогаш, рече таа, ќе ја користи косата за да ја покрие едната страна од лицето. Сепак, со својата лоша среќа привлече 72.000 следбеници на Инстаграм.

Таа го сподели своето искуство за да помогне во подигнувањето на свеста кај девојките кои користат естетски третмани. Со ова, таа го привлече и вниманието на почитуваниот лекар Пимпл Попер, кој рече дека оваа ситуација ретко се случува, но и дека птозата ќе исчезне.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma