Луѓето кои носат очила имаат три пати помала веројатност да бидат заразени со корона вирус, бидејќи многу помалку ги допираат нивните очи, покажува студија од Индија.
Истражувачи од Индија спроведоа студија заснована врз 304 испитаници на возраст од 10 до 80 години кои го прележале вирусот.
Околу 19 проценти од нив носеле очила поголем дел од денот, а остатокот не, што укажува на тоа дека луѓето кои носат очила осум часа на ден имаат помала веројатност да добијат корона, објави „Дејли меил“.
“Луѓето имаат тенденција да го допираат лицето 23 пати на час, а очите три пати за 60 минути. Луѓето кои носат очила подолго време нема да ги допираат нивните очи”, се вели во студијата.