ПЕЈАЧКАТА Мадона сподели на Инстаграм видео од нејзиниот син Дејвид Банда како шета низ куќата во свилен бел фустан.
Дејвид искомбинира бели патики и црни очила за сонце со фустанот.
Во позадина свири песната The Power од групата Snap!
„Самодовербата е сè“, напиша Мадона со објавата.
Кон крајот на видеото, Дејвид рече дека се чувствува „слободен“ во фустанот. Фустанот е дело на дизајнерката Mae Couture.
Мадона го посвои Дејвид во 2006 година од селото Липунга во африканската земја Малави. Со него има уште пет деца.