Нејзините зборови ќе се прераскажуваат уште долго време
Емотивната исповед на пејачката Бритни Спирс, која ја имаше на суд во јуни, трогна многумина.
Фановите и колегите постојано ја поддржуваат, а сега и „кралицата на попот“, Мадона, го стори истото.
Таа неодамна на својата страница на Инстаграм објави фотографија на која носи маица „Бритни Спирс“ и напиша зборови на поддршка.
– Вратете и го животот на оваа жена! Ропството е укинато одамна! Смрт за алчната патријаршија која им го прави ова на жените со години. Ова е кршење на човековите права. Бритни, доаѓаме да те извлечеме од затворот – напиша Мадона.
Потоа објави друга фотографија на која пишуваше: „Ослободете ја Бритни“.