Доколку сакате мафини, тогаш ќе ги обожавате овие со боровинки. Не само што се вкусни, туку и здрави
СОСТОЈКИ:
- 150 гр шеќер
- 1 јајце
- половина чаша (180 мл) масло
- 1/3 чаша млеко
- лажичка екстракт од ванила
- чаша и половина брашно
- лажичка прашок за пециво
- малку сол
- половина чаша кисела павлака
- чаша боровинки
Изматете ги шеќерот, маслото, јајцето, млекото и ванилата, потоа додадете брашно, прашок за пециво и сол и измешајте сѐ заедно за да нема грутки. Промешајте ја киселата павлака, и на крај боровинките. Распределете ја смесата рамномерно во намастени калапи и печете 25 минути на 180 степени.