„Крис изгледа совршено, дури и помладо од своето момче хаха“, „Преубава е и згодна за своите години“, „Најстрогата менаџерка“, беа коментарите на обожавателите
Најпознатата мамаџерка на светот, Крис Џенер (65) е фотографирана во Кабо Сан Лукас, Мексико, со своето момче, Кори Гембл (40), кој е 25 години помлад.
Имено, познатата медиумска личност не е како другите дами кои се на нејзина возраст или постари и не пополнува крстозборки дома, туку ужива на одмор со своето младо момче.
Во таа прилика, Крис носеше бел лелеав фустан за плажа и плетена капа, а ветерот во еден момент и го крена фустанот и и ги откри долгите затегнати нозе.
Од друга страна, нејзиното многу помладо момче беше фотографирано во жолт шорц и со капа на главата, а може да се забележи дека тој не е во толку добра физичка форма за неговата возраст, па фановите велат дека тој „заокруглил“ „во последно време.
„Крис изгледа совршено, дури и помладо од своето момче хаха“, „Преубава е и згодна за своите години“, „Најстрогата мамаџерка“, беа коментарите на обожавателите, а нивните фотографии можете да ги видите во галеријата.