Мајката на Стифлер од филмот „Американска пита“ лажела дека има сестра близначка – Целта поради која го направила ова ќе ве остави без зборови

3 февруари, 2021
jennifer-coolidge-2-830x0

Американската актерка, Џенифер Кулиџ (59), остана запаметена по улогата на мајката на Стифлер во филмот „Американска пита“, а сега гостуваше во „Kelly Clarkson Show“ и призна шокантни детали од нејзиниот живот.

Имено, таа откри дека кога била помлада, во исто време била во врска со двајца мажи, поради што морала да смисли убедлива приказна.

Актерката во ова шоу раскажа дека ги запознала овие мажи на Хаваите, но не можела да се одлучи за еден, па потоа измислила приказна дека има идентична близначка, за да може да излезе и со двајцата.

  • „Не сум сигурна дека би го сторила тоа сега, но тогаш беше одлична одлука“ – рече актерката, која излегувала со двајцата мажи во истовремено, две недели.

„Сè може да ви се прогледа низ прсти кога сте помлади”, се пошегува таа.

Освен улогата на мајката на Стифлер, гледачите ја познаваат по улогата на Софи Качински во серијата „Девојки без пари“. Таа се појави и во комедијата „Легална русокоса“, како и во спот на Аријана Гранде.

Сепак, улогата по која сите ја препознаваат во „Американска пита“ не ја добила случајно. Актерката веќе се прослави како првокласен комичар, а повеќето холивудски хитови не можеа да поминат без нејзината улога.