Маленко е македонски рекордер во пливање… во брачни води: Тој „една рака“ деца, а заедно со неговата нова, петта невеста, вкупно девет!

13 октомври, 2021
malenko

Некогаш македонскиот машки пливачки мегаталент, велат најдобар на сите времиња,  излезе дека најмногу љуби да плива во 2брачните води“.  Александар Маленко како јуниор редеше рекорди, добиваше медали, собираше трофеи, но како сениор, се покажа дека во пливањето низ животт „се дави“ на секои неколку години.

Најновата вест вели дека некогашниот пливачки шампион стана шампион и кога е застанувањето пред матичар во прашање или пред олтар сеедно, кој како и бракот не му е баш најсветото нешто.

Имено, Александар Mаленко одново се оженил… И тоа по „јубилеен“ петти пат! Овој пат негова  избраничка, некои велат „нова брачна жртва“ е негова колешка,  инструкторката по пливање во пливачкиот клуб „Браник“ – Марибор,  Словенката, Метка Спаравец.

Обајцата среќната вест ја обзнанија преку фотографии на социјалните мрежи, а невестата веднаш дури и го додал презимето на малдоженецот кон своето.

На некои од фотографиите „младите“ се фотографирани непосредно пред и по венчавката, која била едноставна, без многу сватови и медиумска помпа.

Дека „пливањето“ во брачните води на Маленко му е „послаба страна“, а менувањето брачни сопатнички „ахилова петица“ се виде уште при првиот брак со пејачката и ТВ водителка Сузана Турунџиева.  Со неа ја има ќерката Лора која во 2019 година му го донесе внучето Јаков.

По првата брачна авантура со Турунџиева од која едно време Маленко го презема и презимето, следуваше втората, со исто така позната личност, која подоцна на пливачот му стана сопруга број 2 – актерката Јелена Жугиќ.

Во тој брак Маленко и јелена го добија синот Ахил, но и брачната „реприза“ на пливачот не потрја долго, па тој тргна по „трета брачна среќа“. И тѕоа во првиот свој интернационален брак со шест години постарата Русинка, Татјана Михалова Фјодорова.  Но, и руската бајка со руската „дјевушка – блондинка“  за Маленко не потраја долго иако и од неа остана уште едно дете од неговото бројно потомство, одново син.

Претпоследна во „брачната низа“ на Маленко и неговото пливање низ „немирните брачни води“ беше одново една Македонка. Враќање дома, во родното место, македонскиот бисер – Охрид, за уште еден, четврти по ред „брачен бисер“ на шампионот во базенот и бракот! Охриѓанката Фанче, ќерка на сопственикоот на еден угледен охридски хотел стана тогаш негова нова сопруга, но се покажа не и последна. Со неа Маленко исто така има „брачно наследство“ од две машки дечиња.

И конечно, оваа негова најнова, одново интернационална „брачна авантура“  со Словенката, Метка, за „брачна петка“… Засега само како бројка со која му се бројат браковите… и децата од нив!

Но, она што можеби е поинакво и поразлично во овој брак од сите претходни на Маленко е тоа што и на неговата најнова невеста ниту ие „прв пат“, ниту пак таа не е претходно реализирана како мајка. напротив, Словенката исто како и нејзиниот македонски малдоженец има „богат брачен багаж“ зад себе кога се децата во прашање, зашто колку што е познато Метка е веќе мајка на 4 дечиња.

Се’ на се’, Маленко е македонски рекордер во пливање… во брачни води! Тој „една рака“ деца, а заедно со неговата нова, петта невеста, вкупно девет! Јубилејната десетка кога е потомството во прашање, белким ќе дојде наскоро! Нека им е со среќа!

Преземено од vistina.com.mk

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris